29/03/2024
Македонија

СДСМ: Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, кукавички и неосновани се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ со соопштение до медиумите, во кое стои:

„Измените на Законот за употреба на јазиците, што Собранието ги усвои денеска, се во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5, донесен пред 17 години.

Со усвоените измени не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија, како и во меѓународните односи, а се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Република Македонија.

Кукавички и неосновани се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку имаше било какви аргументи за лажните тврдења пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можеа да присуствуваат и да ги бранат на денешната собраниската седница, наместо да бегаат.

Останува фактот дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема капацитет да ги надмине политиките на создавање вештачки поделби меѓу граѓаните.

Граѓаните одамна ги поразија деструктивните политики и дадоа силна поддршка на демократските процеси што носат придобивки за сите граѓани и ја градат Македонија како едно општество за сите.“– стои во соопштението.