16/04/2024
Охрид

Се адаптираат спортските терени кај касарната „Михајло Апостолски“

Јавните претпријатија во соработка со општина Охрид започна акција  за адаптирање на терените за  мал фудбал и кошарка кај некогашната касарна „Михајло Апостолски“.  Целта на проектот е преку оплеменување на спортските површини, охриѓани  повеќе да  спортуваат и да се насочуваат на здравите животни навики.

Претходниов период ЈП „Охридски комуналец“ работеше на чистење на дворниот простор од касарната што изминативе неколку години не беше пракса.