Се асфалтира улица во „Долно Лакочереј“ и на улица „Прилепска“

Согласно годишниот план за работа на Фондот за комунален развој сообраќај и улици, општина Охрид започна со асфалтирање на улици  и краци низ целата територија на Охрид. Денеска се асфалтира уличка во с. Долно Лакочереј и крак од улицата “Прилепска“.

Наредниве денови ќе биде асфалтиран и крак од улица „Српница“.

Паралелно со оваа активност тече и проектот за пополнување ударни дупки и прекопи, во моментов се пополнуваат ударни дупки на улица „Богомилска“.