25/04/2024
Охрид

Се асфалтираат улици во Лескоец

Во Лескоец, во тек се активности за асфалтирање на два краци. Едниот крак е во должина од 143 метри и е дел од улицата „Тоде Лупески“, а другиот е во должина од 136 метри и е дел од улицата „Ванчо Николески“.

Вкупната асфалтирана површина изнесува 960 метри квадратни, а работите ги изведува Илинден АД Струга.