29/03/2024
Дебрца

Се интензивира реконструкцијата на училишната зграда на ПУ во Мешеишта

„Вложувањето во образованието е градење на скапоцен потенцијал и инвестиција во иднината на општината и државата.

Тргнувајќи од таа цел, од почетокот на мандатот моја заложба е да го подобриме квалитетот во образованието, како и условите за работа.

Продолжуваме да инвестираме во образованието и во оваа прилика Ве информирамe за Проектот- „Реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта3, кој е во тек на имплементација.“ – истакна градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Со проектот се врши целосна реконструкција на просториите на поранешната ЗЗ “Славеј”, а кои се составен дел на училишната зграда и за кои се планира во иднина да се оспособат како Центар за дневен престој на деца, се адаптираат простории за котлара за централно греење на училишната и општинската зграда, се санираат оштетените делови во училниците и санитарните јазли во училиштето и се поставуваат радијатори.

Вкупната вредност на работите изнесуваа 3.075.504 денари, а средствата, во износ од 2.500.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, програма за рамномерен регионален развој за 2019 година, по поднесена апликација од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а преостанатиот износ ќе се обезбеди од општинскиот буџет.