20/04/2024
Спорт

Се интензивираат подготовките за „Охрид трчаТ 2018“

Се интензивираат подготовките за спортската манифестација „ Охрид трчаТ“ која по втор пат, со поддршка на општина Охрид, ќе се одржи на  3 јуни 2018 година. Ова беше речено на денешната средба на организаторот- Асоцијација на спортови „ Сите за спорт“, со  претставници на Локалната самоуправа, Противпожарната единица, Црвен крст, Здраствен дом, СВР и општинските јавни претпријатија. На средбата беа договорени обврските за логистичка поддршка  во организацијата на овој масовен спортски настан.

Овогодинашното издание на „ Охрид трчаТ“ , како и минатата година, на 3 јуни, на сите професионалци, рекреативци и тркачки ентузијасти им нуди учество на трките на 10 и 5 километри и тим билдинг трка,  како дел од трката на 5 километри.Претходно како што најавија од Асоцијцијата на спортови, на 19 мај се организира ноќна трка од Горица до Градскиот парк,на 23 мај ќе се одржи училишна трка, а на 2 јуни ќе има детска трка со учесници на возраст од 4 до 5 години.На манифестацијата „ Охрид трчаТ“ се очекуваат околу 800 учесници од Охрид и други градови од Република Македонија и соседните земји.

Трчањето, како што велат од Асоцијација на спортови секогаш било повеќе од хоби, тоа е повик кон охриѓани, кон сите граѓани на Македонија за здрав живот, повик за дружење и забава, повик за спортско европски Охрид.