18/04/2024
Македонија

Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 7,76% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 21.04.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари за литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намали за 4,00 денари за литар и ќе изнесува 42,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство(ЕЛ-1) се намалува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 30,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,178 ден/кг и ќе изнесува 16,945 ден/кг.

Од 28.04.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 49,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 52,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 42,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 30,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 16,945 (денари/килограм)

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување кај бензинот во просек за околу 24,55%, кај дизелот има намалување во просек за околу 31,90%, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 31,47% и кај мазутот се регистрира намалување во просек за околу 20,24 %.

Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е зголемен за 0,665%. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.04.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.