28/03/2024
Охрид

Се нивелираат шахтите на неколку улици низ градот

По налог на општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“, започнаа активности за нивелирање и промена оштетените капаци  од шахтите. Предвидено е во акцијата на Булевар Туристичка да бидат нивелирани 49 шахти, а дополнително ќе се изврши промена на оштетените капаци и нивелација на шахтите на дел од улиците „Јане Сандански“ до „Кеј Македонија“ и од „Кеј Македонија“ до улица „АСНОМ“.

Вкупната вредност на овие активности изнесува 1 200 000 денари.

Ваквата пракса ќе се применува и во иднина при секоја реконструкција на улиците низ општина Охрид.