28/03/2024
Охрид

Се одржа јавна расправа за буџетот на Општина Охрид за 2019 година

Во рамки на  отчетното и транспарентно работење, градоначалникот Јован Стојаноски и секретарот Игор Бежоски заедно со раководителите на општинските сектори, денеска во просториите на општина Охрид  одржаа јавна  расправа за фискалната стратегија и нацрт програмите за буџетот за 2019 година.

На настанот учествуваа претставници од Урбаните и Месни заедници кои преку предлагање на приоритетни и значајни проекти за нив директно учествуваат во креирање на предлог програмите и буџетот кои во наредна фаза ќе бидат ставени на гласање пред советниците во Советот на општина Охрид.  На средбата охриѓани побараа за наредната 2019 година општината да издвои повеќе средства за лицата со посебни потреби како и да се решат повеќе проблеми од областа на инфраструктурата меѓу кои изградба на пристапни патишта, детски и спортски игралишта.