Се откажува „Новогодишната детска бајка“

ЈП „Билјанини Извори“, поради веќе познатите причини, ја известува јавноста дека големата новогодишна забава за деца со наслов „Новогодишна детска бајка“ која требаше да се реализира на ден 26 (среда) се откажува.

„Новогодишната детска бајка“ како социјално забавен настан во соработка со ЈОУДГ Јасна Ристеска, здруженијата за лица со попреченост, основните школи од Охрид и ОСУ Св. Климент Охридски имаше за цел да ги сплоти сите охриѓани посебно децата и ранливите категории на граѓани како желба и визија на покојниот Градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски кој воедно беше и покровител на целиот настан.

Планираните активности, поддршка и предвидените подароци за децата со посебни потреби, социјалните семејства и донацијата за ЈОУДГ Јасна Ристеска ќе се реализираат во наредните пред и после новогодишни денови. Дел од предвидените активности се реализираат со поддршка од Топ Маркети, Миса Маркети, пекара Феникс за што искрено им благодариме.

ЈП „Билјанини Извори“ на ден 27 (четврток) со почеток од 10 часот во просториите на ОУ „Св.Климент Охридски“ на сите деца од паралелките за деца со посебни потреби ќе им додели новогодишни пакетчиња додека пакетчињата за здружението за лица со посебни потреби „Добротољубие 2014“ ќе им ги додели во 11 часот истиот ден во просториите на црковниот храм Св.Ѓорѓија. За здружението за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Зраци“ ќе им бидат доделени новогодишните пакетчиња дополнително во договор со нив.

Активностите на ЈП „Билјанини Извори“ во насока на поддршка за граѓаните на Охрид продолжува со донација на храна на социјалните семејства и тоа ќе се случи на 6 јануари со почеток од 11 часот во просториите на Студентскиот дом „Никола Карев“ додека примопредавањето на донацијата во помагала и реквизити за потребите на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе биде дополнително закажано во консултација со службите од градинката.

Новогодинешната забава, вниманието спрема децата и ранливите категории на семејства, донацијата се мало наше општествено однесување како претпријатие кое сакаме да премини во традиција и кое веруваме ќе биде еден исчекор кон поддршката, соработката, дружењето и сплотување на граѓаните на Охрид.

На крај ЈП „Билјанини Извори“ Ве поканува во 10 часот на ден 27 (четврток) да бидете дел од доделувањето на новогодинешните пакетчиња за децата од паралелките со посебни потреби при ОУ „Св.Климент Охридски“.