29/03/2024
Дебрца

Се работи на пробивање на патот од Требенишко Езеро до археолошкиот локалитет „Требенишко Кале”

Деновиве интензивно се работи на пробивање на патот од Требенишко Езеро до археолошкиот локалитет “Требенишко Кале”.

„Патот со години не е прочистен и e обраснат со густа вегетација. Првенствено го пробивме патот до новоизградената црква “Света Петка”, во должина од 600 метри. До утре (понеделник) ќе ги допробиеме и другите околу 1,5 км од патот и ќе стигнеме до планинскиот врв “Габер”, односно до “Требенишкото Кале”, најпознатиот археолошки локалитет во општина Дебрца. Овој град имал доминантна позиција со извонредно стратегиски можност за контрола на целото Струшко Поле и патиштата од Дебар и од Струга кон Пелагонија и од Кичевско кон Лихнид (Охрид). Комплексни културни хоризонти од архајското време до доцната антика, 6 век н.е., големата градска површина од 4.66 хектари, пак, укажувале на посебно значаен град кој секако бил еден од градовите во Десаретија.  Иако светски познат локалитет, сепак недоволно промовиран. Наша обврска е тоа да го промениме.“– вели градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.