16/04/2024
Охрид

Се расчистува кејот и се одржуваат тревните површини

Вчерашното невреме проследено со интензивни локални врнежи и силниот ветер од јужен правец повторно натрупа огромни количини отпад на градскиот кеј и пристаништето.

Екипите се излезени на терен од раните утрински часови за да се санира ситуацијата и расчистен е и подигнат отпадот (во најголема количина трска, алга и муљ, како и тешко разградлив комунален отпад кој брановите го исфрлија по шеталиштето).

Временските услови во изминатата седмица пропратени со обилни врнежи беа поволни за силната вегетација на тревните површини, па интензивно се одржуваат зелените површини во градот и приградските населби. Во изминатата недела хортикултурно се одржуваа селата Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел и Подмоље, а денес се коси тревата во стариот дел од градот.