20/04/2024
Македонија

Се укинува забраната за движење во шуми и шумски подрачја

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на  Јавното претпријатие “Национални Шуми” ја укинува забраната за движење во шуми донесена на 29.03.2019 година. 

Имено, Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што во моментов согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари. 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство инфомрира дека екипите од Државниот инспекторат за земјоделство, Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство и во следниот период ќе ја следат состојбата на терен. 

Воедно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постетува дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, сочласно член 23 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15, 193/15 и 83/18) и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.