Сè уште не може да се добие реална слика за штетите од земјотресите во Охрид

Земјотресите во Охрид и понатаму траат. Според тоа, сè уште не може да се добие реална слика за штетите предизвикани од овие земјотреси, бидејќи постои можност од проширување на пукнатините на ѕидовите и дополнителна штета, доколку има нови потреси.

Исто така, голем дел од жителите моментално не се во своите домови. Тие самоиницијативно, превентивно, загрижени за својата безбедност, ги напуштија своите домови. Некои ноќта ја поминуваат во своите автомобили, некои во шатори во парковите, а некои пак под отворено небо. Тие би извршиле увид и би пријавиле штети дури откако ќе се вратат во своите домови.

WebOhrid