24/04/2024
Охрид

Се заканувал на вработена во аптека во Охрид и одзел пари од касата

На 17.01.2020 година во 20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во аптека на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице упатило закана кон вработената по што и одзел пари од касата.

На местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.