25/04/2024
Македонија

Седумгодишното дете кое починало на Клиниката за детски болести немало коронавирус

На седумгодишното машко дете кое почина на Универзитетската клиника за детски болести земени му се два бриса за тестирање за коронавирус. Еден брис кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата теста биле негативни на КОВИД-19. Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус. 

Во однос на вработениот во лабораторијата на Клиниката за детски болести кој е заболен од КОВИД-19, земена му е епидемиолошка анкета, како и од дел од колегите со кои бил во непосреден контакт. Утре ќе се земат и втор дел од анкетите. Тие најверојатно ќе упатат од каде се заразил лаборантот.