29/03/2024
Македонија

Шекеринска – Тимоние: Зајакната билатерална одбранбена соработка и поддршка за целосна интеграција во НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Министерството се сретна со Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Н.Е Кристијан Тимоние.

На средбата беше истакната поддршката на Француската Република во напорите на РМ за целосно евро-атлантско интегрирање. Беше поздравена зајакнатата динамика и новата енергија во билатералната соработка со Француската Република во областа на одбраната, особено во однос на можностите за поблиска соработка и размена на искуства во доменот на мировните операции водени од ООН и ЕУ.

Во тој контекст, министерката Шекеринска ја поздрави иницијативата за состанок на експертско ниво во март годинава во Париз, на кој ќе се разговара за мировните операции на ООН и ЕУ како и модалитетите за евентуална идна соработка на ова поле.

Дополнително, за време на средбата беше разговарано и за можностите од остварување на соработка меѓу француски фирми од наменската индустрија со македонски фирми од оваа област.