Селекторот Ангеловски ги одреди фудбалерите за последните два натпревари од групата во Лига на нации

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за последните два натпревари од групата во Лига на нации. За натпреварите против Лихтенштајн на 16. ноември во Вадуц и домашниот дуел со Гибралтар на 19. ноември, нашиот предводник ќе смета на следните фудбалери: 

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски по соопштувањето на фудбалерите на кои ќе смета за натпреварите против Лихтенштајн (16. ноември, Вадуц) и Гибралтар (19. ноември, Национална арена „Филип Втори“) од УЕФА Лига на нации, истакна дека на двата меча, Македонија ќе се обиде да ја остави својата цел и да го освои првото место во групата.

„Сите работи во групата зависат само од нас. Имаме три бода предност пред последните два меча. Фаворити сме и се надевам дека ќе ја оправдаме улогата и со две победи ќе одиме понатаму. Причините за поразот во Ереван беа индивидуални грешки, имаше критики за нашата игра, дел од нив сосема ги оправдувам. Но, критиките се составен дел од нашата работа. Ние одиме понатаму, обединети сме повеќе од било кога. Нема да дозволиме еден пораз да ја разниша целата атмосфера која ја градевме три години“, изјави селекторот.

„Списокот е веќе стандарден, како трет голман е повикан Дени Илиев, веќе најавив дека ќе ротираат со Шишковски и со Алексоски доколку ја поврати старата форма. Повикан е и Крсте Велкоски кој игра во добра форма во Сараево. Во план ни беше и Бесарт Ибраими, но се здоби со повреда. На првата голманска позиција ќе остане Димитриевски,“ –  истакна Ангеловски.

„Лихтенштајн е противник со кого веќе игравме претходно. Очекувам да влеземе максимално сериозно и да ја добиеме првата средба. Потоа ќе следи Гибралтар и ќе размсилуваме за него. Македонија е фаворит на овие два меча, но мора да ја оправдаме улогата. Ќе играме офанзивно како и секогаш. Примарна цел ќе биде да се добијат натпреварите, а ако се даде можност победата да биде што поубедлива, ќе се потрудиме да го направиме тоа,“ – заврши Игор Ангеловски.