28/03/2024
Македонија

СЕММ иницира формирање мрежа за справување со говорот на омраза во медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска иницира формирање мрежа за справување со говорот на омраза во медиумите.

На денешната средба во Скопје присуствуваа претставници на професионалните медиумски и новинарски здруженија, државни тела за заштита на човековите права, државни и регулаторни тела и граѓански организации.

Процесот за приклучување кон иницијативата е отворен за сите заинтересирани организации, здруженија, институции и медиуми кои работат на јазиците на различните заедници.

Заинтересираните за приклучување кон иницијативата можат да се обратат до СЕММ како координатор на иницијативата.