28/03/2024
Македонија

Серија земјотреси со епицентар во подрачјето на Драч, Албанија, почувствувани и во Македонија

Од Сеизмолошка опсерваторија известуваат дека телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 26.11.2019 година регистрирале серија на земјотреси, чии епицентри потекнуваат од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч, на растојание 170 km југозападно од Скопје.

Најсилен до сега од оваа серија е земјотресот во 03:54 часот со локална Рихтерова магнитуда од 6.3 и беше почувствуван на целата територија на Републиката.

Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на Републиката (Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово), IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени според истата скала во источните делови на Република Македонија.