Серија земјотреси во Албанија ги вознемирија и охриѓани

Рано утрово серија земјотреси ги разбудија и вознемирија охриѓани. Епицентарот на овие земјотреси се наоѓа во Албанија на самата југо-источна граница со Грција.

  • 06:26 часот, со интензитет од 4.9 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри;
  • 06:33 часот, со интензитет од 5.0 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри;
  • 06:43 часот, со интензитет од 3.7 степени според Рихтер, на длабочина од 3 километри;
  • 06:52 часот, со интензитет од 4.4 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри;
  • 06:56 часот, со интензитет од 3.2 степени според Рихтер, на длабочина од 4 километри.