18/04/2024
Спорт

Шести трофеј за ЖРК Вардар во Купот на Македонија

Со убедлив триумф во финалето на Купот на Македонија 2018 во женска конкуренција над ЖРК Металург, ЖРК Вардар ја одбрани двојната круна во националните натпреварувања, со што стави точка на сезоната.

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ мина без неизвесност во однос на резултатот, а фаворизираниот домаќин водеше во текот на целата средба за заслужен триумф од 46-24. На полувремето ЖРК Вардар водеше со 19-12.

Андреа Кликовац со 12 голови беше најдобар стрелец во победничкиот тим, каде уште Саздовска додаде 9 голови, а Ристовска 8. Во тимот на Металург, Тасевска, Ѓеоргиевска и Калајџиевска реализираа по 4 погодоци.

По завршувањето на финалето, доделени беа и индивидуалните признанија за најдобрите на Фајнл Фор турнирот, а трите им припаднаа на ракометарки на победничкиот тим. Јована Мицевска беше избрана за најдобар голман на турнирот, Теодора Керамичиева го доби признанието за најдобар стрелец со вкупно 22 гола во двата натпревари, додека за најкорисен играч (МВП) избрана беше Сара Ристовска.

Ова беше шести трофеј за ЖРК Вардар во женскиот Куп на Македонија и петти по ред, со што стана втора екипа во ова натпреварување која успеала пет години по ред да го подигне трофејот по Кометал Ѓорче Петров. Со финалната средба се стави точка на сезоната за ЖРК Вардар, кој и оваа година ја заврши со победи во сите натпревари што ги одигра на домашната сцена.

32963685_10155267146441644_4267970909693804544_n32947063_10155267146461644_7017723785658761216_n32976998_10155267146421644_8943296064136413184_n33023456_10155267146491644_2651286554521108480_n33025900_10155267146506644_3968645288691761152_n