Шкендија елиминирана од Лигата Европа

Дуделанж 1:1 Шкендија, резултат кој значи елиминација за нашиот претставник во Лигата Европа. Откако во Скопје на мошне сомнителен начин Шкендија „прокоцка“ водство од 1:0 и загуби со 1:2, на повратниот дуел во Луксембург, Шкендија немаше сили да ја анулира предноста на противникот.

Дуделанж поведе во 78 минута, додека пак Шкендија изедначи во судиското продолжение од натпреварот (90+2) со голот на Ибраими. Финишот од овој натпревар секако ќе остане за паметење откако 3 играчи на Шкендија добија црвени картони, најпрво Муслиу доби два жолти картони во 80 и во 84 минута, а во судиското продолжение по расправија и туркање со судијата, директни црвени картони добија Нафиу (90+4) и стрелецот на голот за Шкендија, Ибраими (90+5). 

WebOhrid