Сигурна победа за АВ Охрид против Шкупи

Синоќа, во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, тимот на АВ Охрид забележа победа против Шкупи со резултат 105-92 (28-24, 30-24, 34-21, 13-23).

Оваа победа е трета во низа за АВ Охрид во Првата кошаркарска лига на Македонија. По одиграни 6 рунди, АВ Охрид е на третото место со 10 бодови, зад првопласираниот Работнички со 12 бодови и второпласираниот, тимот на Блокотехна со 11 бодови.

WebOhrid