16/04/2024
Македонија

Силен ветер над 100 км/h на планините

Од УХМР известуваат дека денес претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а само на повисоките планини снег. Попладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја (локално над 30л/м2). Ќе дува засилен југозападен ветер (над 70 км/ч, а на планините и над 100 км/час). Поради брз продор на студена воздушна маса проследен со засилен северен ветер, во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во северните и западните подрачја.

Во четврток ќе биде студено со засилен северозападен ветер. Нови врнежи се очекуваат од сабота попладне.