28/03/2024
Македонија

Силјаноска Давкова се обрати пред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатката за Претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Проф-Др.  Гордана Силјаноска Давкова, денес  (24.02.2019) оствари средба со Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ,  Благица Ласовска како и членови на ИК на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Професорката Силјаноска Давкова воедно имаше  свое обраќање и на редовната седница на Централниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ каде што присуствуваше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.  Проф-Др.  Гордана Силјаноска Давкова  имаше можност да ги презентира своите идеи и гледишта  во пресрет на претстојните претседателски избори.

Во своето обраќање посочи дека на државата веднаш и се потребни  промени, како и владеење на  правото и демократијата,  кои во моментов  се нарушени од страна на власта. Силјаноска потенцираше дека во име на честитоста на Република Македонија неопходни се почитување на Уставот,  законите и враќање на правната држава.

За својата кампања истакна дека ќе ги користи сите демократски средства на водење на изборна кампања, а  на крајот заедно со ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија ќе извојува огромна победа на претседателските избори во април и  со тоа ќе се најави крајот на владеењето на СДСМ со државата.