19/04/2024
Македонија

Шќипе Мехмети изложува во Софија

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во тек е изложбата „Женската фрагилност и или моќ“ на авторката Шќипе Мехмети …

Изложбата пред голем број публика во галеријата на КИЦ на РМ ја отвори директорот на Центарот, Сашко Насев. Ова претставување на младата уметница се состои од 22 графики работени во техниката сува игла.
Отварањето на изложбата помина во позитивна атмосфера со многу гости од уметничкиот и културниот свет на Софија, ликовни уметници од различни генерации, новинари, дипломати и други.