28/03/2024
Спорт

Скок за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

Според најновото рангирање, Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од +6 места и се најде на 71 место на ФИФА рејтинг листата.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде Германија останува на првото место, пред Бразил на второто и Белгија на третото место.

Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Азербејџан со +21 места се искачи на 105 место, додека пак најголем пад забележа репрезентацијата на Гвајана од -18 места која се најде на 182 место.

Следната ФИФА рејтинг листа ќе биде објавена по завршувањето на Светското првенство кое се игра во Русија, поточно на 19 јули кога се очекува да има поголеми промени.

WebOhrid