25/04/2024
Охрид

Скопјанец пронајден мртов на брегот на Охридското Езеро

На 07.02.2020 во 13:10 часот во СВР-Охрид, било пријавено дека на место викано „Лабино“, имало повредено лице од пад на брегот од Охридското езеро.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, а од лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид и констатирано било дека се работи за К.С.(64) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.