20/04/2024
МакедонијаСтруга

Скопјанец заработил кривична пријава поради одземање возило и кражба во Струга

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Ш.Е. (50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба“.

Ш.Е.делата ги сторил на 01.09.2017 година. Тој, прво користејќи подесен алат, насилно го отворил патничкиот автомобил марка „Фиат Пунто“ со струшки регистарски ознаки паркиран на ул. „Ристо Крле“ и го користел за свои потреби. Во периодот од 23:00 до 07:00 часот, Ш.Е. извршил и тешка кражба во продавница во Струга. Влегол насилно во продавницата и одзел 50 штеки цигари и 7.000 денари. Со извршувањето на двете дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 130.000 денари.