19/04/2024
Охрид

Скопјанка продавала амфетамини во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело,, овозможување на употреба на наркотични дроги“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Д.(33) од Скопје. При извршен претрес во стан на ул.„Богомилска“ во Охрид, што пријавената го користела, пронајдени се амфетамини. Пријавената, на К.Ј. и Ј.П. двајцата од Скопје, во станот им овозможувала користење наркотични дроги.