20/04/2024
Охрид

Словенскиот Амбасадор Јазбец во посета на Општина Охрид

Амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Н.Е. проф, д-р Милан Јазбец денес беше во посета на Општина Охрид. На работниот состанок со градоначалникот д-р Јован Стојаноски се разговараше за зајакнување на билатералните односи помеѓу двете земји, Македонија и Словенија, со посебен акцент за унапредување на туристичката соработка и конкретна соработка со збратимениот град Пиран.