25/04/2024
Охрид

Со дефиле низ охридските улици испратени пораки за заштита на животната средина од загадување

По повод 22 април – Денот на планетата Земја, Црвен крст Охрид преку своите волонтери од програмата „Грижа за стари лица“ организираa дефиле со едукативен карактер, низ улиците на Охрид, со цел подигнување на свеста и свртување на вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас.

Меѓугенерацискиот настан ги испрати хуманите и еколошки пораки од бројните волонтери од програмата за Грижа за стари лица, млади волонтери од Клубот на млади и најмладите волонтери од Brainobrain програмата од Црвен крст Охрид кои продефилираа на модна ревија со модели изработени од пластични кеси и со пораки за заштита на животната средина од загадувањето што го предизвикува пластиката.