23/04/2024
Македонија

Со емоции, стари и нови пријатели одбележани 20 години од „Убавицата и ѕверот“ во ТДМ

Театарот за деца и младинци (ТДМ) вчера го одбележа 20 годишниот јубилеј од премиерата на „Убавицата и ѕверот“, претстава која е и денес активна на репертоарот. На свеченоста, покрај секогаш расположениот ансамбл на ТДМ, присуствуваа гости кои се соработници на Театарот и негови пријатели поддржувачи, како и заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, кој прослави 25 година на сцената и е член на ТДМ речиси од неговото формирање, а е во улогата на Ѕверот цели 20 години. Меѓу гостите беше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов…

naslovna_jubilej_tdm_6_feb_2018

На прославата, заменик-министерот Лазовски истакна дека Владата има сенс за решавање на просторниот проблем на ТДМ, исто како што Владата пред 28 години имаше сенс да го формира Театарот и да оцени дека ваква институција му е неопходна на градот и на земјата. Лазовски изрази голема благодарност до градоначалникот Шилегов и до министерот за финансии Драган Тевдовски, кои изразуваат надеж дека е можно решение за нов објект за ТДМ, кој сè уште игра во просторот на некогашниот ресторан „Вардар“, на „Рекорд“, во сала која има само 112 седишта, а сцената зафаќа едвај 35 метри.
lazovski_silegov_proslava_tdm_foto_1
В.д. директорката на ТДМ Катарина Илиевска – Силјановска, поздравувајќи ги гостите, ансамблот и публиката, рече дека точно на овој ден во 1998 година се изигра премиерата на „Убавцата и ѕверот“, но дека е тоа и датумот од вселување во овие простории, по осум години талкање на театарот низ сцените на градот. „И сето тоа благодарение на нашиот прв, долгодишен и успешен директор, Љубомир Чадиковски, кој несебично ја издејствува оваа зграда, а на неговиот ангажман и љубов кон театарот, несебично му одговорија тогашниот премиер и тогашниот министер за култура Слободан Унковски“, рече Илиевска – Силјановска.
 
DSCF1132
Од формирањето на театарот, 25 март 1990 година до сега, во ТДМ се изведени 65 премиери, одиграни се 4030 претстави. Освен „Убавицата и ѕверот“, повеќе претстави се одиграни над 200 пати.  Директорката Илиевска-Силјановска вели дека секоја претстава што се правела, се прави и ќе се прави во овој театар ќе биде со непрекинат ентузијазам, пожртвуваност и љубов.  ТДМ до денес има освоено 47 награди на светски престижни меѓународни фестивали. Овој театар на почетокот имаше тројца вработени, а сега театарот има колектив од 33 вработени во различни сектори.
 
DSCF1025