Со трактор удрил велосипедист и побегнал

На 05.02.2019 година во 17:50 часот на улица „Радојца Новичиќ“ во Охрид, трактор „Ландини“ без регистарски ознаки, управуван од Ф.Д.(20) од село Долно Лакочереј, охридско, удрил во велосипед, управуван од Ц.К.(69) Охрид, по што го напуштил местото.

Од ударот Ц.К. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата „Св.Еразмо“. По преземени мерки возачот Ф.Д. бил пронајден и приведен. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.