19/04/2024
Македонија

Собирање податоци за состојбата на децата и жените во земјата

Државниот завод за статистика, во партнерство со УНИЦЕФ и УНФПА, викендов започнува со собирање податоци за состојбата на децата и жените во земјава, во рамките на една од најголемите меѓународни програми за истражување во домаќинствата, шестата серија на  Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС), што е поддржано од УНИЦЕФ во светски рамки.

„Ги повикуваме сите домаќинства да ги отворат вратите на нашите анкетари, бидејќи со овие податоци земјата и понатаму ќе развива политики и насочени интервенции што се потпираатна информации со цел да се подобри состојбата на жените и децата во земјата,“ рече Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

МИКС е сеопфатен извор на податоци за жени и деца, со кој се обезбедуваат споредливи показатели за исхрана, рани бракови, детски труд, функционалност на децата и возрасните (попречености), ран детски развој, образование и другите сфери што влијаат на благосостојбата на децата. Единствен е бидејќи со него се обезбедуваат споредливи и расчленети податоци со кои земјите ги идентификуваат јазовите во правичност и ги идентификуваат конкретните  групи што се изоставени.

„Како што проблемите кои не се проценети остануваат нерешени, така постои ризик да се изостават децата кои не се изброени,“ рече претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс. „Информациите се неопходни за надминување на јазови во податоци, за полесно донесување одлуки врз основа на докази, и за поттик на актуелните реформи во земјата и реформите кои се во тек. Со нив треба да се постигне и трансформација – неповратни промени за подобро утре на сите деца и жени во земјата“.

МИКС е глобална методологија што се користи од 1990-те.  Неодамна ѝ се изврши ревизија за да ги опфати показателите за глобалните Цели за одржлив развој. Со новите подобрувања, со истражувањето ќе се обезбедат и вредни информации за нови области кои претходно не биле оценувани во рамките на истражувањето МИКС, како што се пристапот до социјални трансфери, основни вештини за учење (за деца од 7 до 14 години), функционирање на децата и возрасните, статусот на миграција, употребата на чисти горива и технологија, како и виктимизација.

Собирањето податоци ќе се врши од 16 ноември 2018 г. до март 2019 г. во 6240 домаќинства во земјата одбрани по случаен примерок .  Методологијата подразбира интервјуа лице во лице што ќе ги вршат обучени анкетари.

Последното истражување за МИКС во земјата се спроведе со поддршка на УНИЦЕФ во 2011 г.

За МИКС

 Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) е меѓународна програма за истражување подготвена од страна на  УНИЦЕФ, во соработка со други агенции на ОН, и се спроведува на пет години во целиот свет за податоците да може да се споредат на меѓународно ниво, за да се обезбеди континуитет на истражувањето и за податоци што ќе се прикажат во временска низа. Од почетокот на МИКС во 1990-тенад 300истражувања се спроведени во над 100 земјиВо рамките на глобалниот ангажман за понатаму да се прошират националните капацитети за генерирање и анализа на квалитетни, расчленети податоци, УНИЦЕФ ја започна шестата рунда на МИКС во октомври 2016  година –  осмислена конкретно за да ги задоволи потребите на креаторите на политика во ерата на Целите за одржлив развој .

Земјата учествуваше во третата и четвртата серија на МИКС, односно во 2006 и во2011 година. Со податоците од овие анкети се потпомогна развојот на националните политики, планови и програми и се следеше напредокот на децата и жените.