29/03/2024
Охрид

Собрани 36 единици крв на денешната крводарителска акција

36 собрани единици крв беше епилогот на денешната крводарителска акција во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со маркети Тамаро. Радува фактот што 5 крводарители на оваа акција за прв пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители.

„Изразуваме благодарност до маркети Тамаро и вработените кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност и до Центарот за култура „Григор Прличев“ кој овозможи простор за одвивање на крводарителската акција.“ – велат од Црвен крст Охрид.