Софија Алачкоска од ОУ „Кочо Рацин“ прва на општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денеска на пригодна свеченост жирито ги соопшти резултатите од неодамна одржаниот Општински натпревар „Млади библиотекари”.

sofija nagradena

Првото место во силна конкуренција од уште 18 ученици од основните училишта: „Св Климент Охридски“, „Григор Прличев“, „Христо Узунов“, „Живко Чинго“,  „Кочо Рацин“, „Св.Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“ го освои деветтоодделенката Софија Алачкоска под менторство на наставничката Фила Веровска – Стојковска.

bibliotekari

Ментори на останатите ученици – натпреварувачи беа: Валентина Рубаноска, Мери Крстеска, Санта Миткова, Наташа Митреска и Ана Пупиноска – Стојкоска.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ сите учесници и ментори ги награди со благодарници и одбрани книги.

ucesnici

Софија Алачкоска ќе го претставува Охрид на Републичкиот натпревар во Скопје во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ закажан за 15 ноември.

Организатор на натпреварот е Библиотекарското здружение на Македонија.