25/04/2024
Охрид

Сообраќајка на патот Битола-Ресен, повредено едно лице

На 11.12.2019 во 13.18 часот било пријавено дека на патот Битола – Ресен, на мостот кај с.Кажани, се случила сообраќајна незгода помеѓу запрено товарно возило „ман Ф200“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ц.Т.(34) с.Ботун, општина Дебрца и патничко моторно возило „ауди“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.И.(40) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.И., по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.