23/04/2024
Охрид

Сообраќајка на патот Охрид – Свети Наум

На осумнаесетти април оваа година во 11 часот и 50 минути, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населба Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од Р.М.(27) од Демир Хисар и велосипед управуван од А.Т.(77) од Рача. Тој, со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Охрид.

На местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.