29/03/2024
Охрид

Сообраќајка на ул. „Егејска“ во Охрид, повреден велосипедист

На 27.08.2019 во 14:15 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „Егејска“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(35) и велосипед управуван од М.К.(55), и двајцата од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.