29/03/2024
Охрид

„Сообраќајна лектира“ за првоодделенците од ОУ „Григор Прличев“

Во рамките на кампања „Безбедноста е најважна лекција“, претставници на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од Охрид, на учениците од прво одделение при основното училиште „Григор Прличев“ им ја поделија сообраќајно едукативната брошура „Сообраќајна лектира“, во која, илустративно се поместени основни правила и прописи за безбедно учество на децата во сообраќајот. Притоа, низ разговор со учениците, претседателот на советот за сообраќајна безбедност Стефан Димоски, ги запозна учениците со основните сообраќајни правила и прописи и ја нагласи потребата потребата од нивно максимално почитување со цел подобрување на личната безбедност на учениците во сообраќајот.