Сообраќајот на кружниот тек кај Општата болница ќе се одвива отежнато

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ги информира граѓаните, дека утре (04.04.2019) ќе се интензивираат градежните активности на кружниот тек кај Општата болница, кои ги изведува градежната фирма АД „Илинден“ од Струга.

Од Секторот апелираат, сите учесници во сообраќајот да користат други алтернативни патишта за задоволување на потребите и да го одбегнувааат овој потег каде сообраќајот ќе се одвива отежнато, дури на периоди и целосно ќе биде запрен за да се овозможи непречено одвивање на градежните активности.