20/04/2024
Охрид

Соопштение од Здружението „Мацково“ по повод распределбата на средства во Министерството за култура

Здружението за култура, литература и издавачка дејност „Мацково“ од Охрид, со чудење и изненаденост, ја прими информацијата, дека Министерството за култура, за годинава, не предвидело ниту денар поддршка, за единствената манифестација, од тој вид, кај нас и пошироко на Балканот – Балканскиот поетски камп за деца и млади: „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески”.

Јавноста заслужува да знае, дека Министерството се оглуши од нашиот проект, особено ако се знае дека лани застана зад тоа, а самата манифестација доживеа сосема пристоен поблицитет во земјата и соседството, што само оди на контото на самото министерство, од аспект на транспарентноста, отчетноста и оправданоста, уште повеќе со фактот што силни милиони завршуваат на места и адреси, за кои ништо ниту се знае, ниту се дознава!

Во истиот контекст, поднесовме уште еден проект, поврзан со одбележувањето на 108 годишнината од раѓањето и 40 години од смртта на Ванчо Николески – ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА: „ВРАЌАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И КРЕАТИВНА ОБНОВА НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ“, со поднаслов: „ЦАРСТВОТО НА ДЕТСКАТА ЛИТЕРАТУРА – ВАНЧО НИКОЛЕСКИ”.

Несватливо е како надлежната комисија на Министерството не била воопшто заинтригирана и заинтересирана за споменот и чевствувањето на Ванчо Николески, основоположникот на литературата за деца и млади, дело што, до пред четврт век, беше задолжителна лектира – од Гевгелија до Триглав и Караванките.

Го искористивме поводот да побараме, навистина скромна сума, за еднодневна работилница за современите аспекти и актуелната позиција на литературата за деца кај нас.

Особено сме изненадени од фактот што манифестацијата – Балкански поетски кламп за млади, е прескокната и од аспект на мегународната соработка, особено соработката со УНЕСКО, на што, особено, инсистира Министерството за култура. Имено, кампот од старт доби поддршка од Светската академија на поезијата на УНЕСКО. Минатата година, со писменото послание на генералниот секретар на Академијата, д-р Лаура Троиси, а годинава, со прифатената покана, д-р Троиси да дојде во Охрид, токму за време на оджувањето на Кампот и по повод таа манифестација – од 19 до 23 јуни.

Министерството за култура инсистира на партнерска поддршка на проектите. Ние на писмено доставивме дека станува збор за регионален проект, кој има декларативна и финансиска поддршка од три општини: Дебрца, Охрид и Вевчани, што е уште еден момент за неверување и изненаденост.

Здружение Мацково“ – Охрид