Соопштение за странски државјани

Од МВР известуваат дека на 22 јуни 2020 година е донесена нова Уредба со законска сила за изменување на Уредбата за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, со која се продолжува рокот на важноста на дозволите за привремен престој и на дозволите за постојан престој, чиј рок на важност истекол или истекува како за време на вонредна состојба, така и по завршување на вонредната состојба. Со ова, важноста на дозволите за престој се продолжува и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година.

Им укажуваме на странците, во нареден период да го следат развојот на ситуацијата со нормализирање на патничкиот сообраќај и по создавањето на условите за патување, доколку имаат потреба, да пристапат кон постапки за регулирање престој, согласно одредбите од Законот за странци.