29/03/2024
Македонија

Состанок на Мрежата на Националните координатори за борба против трговијата со луѓе

На маргините на Министерската средба во рамки на Брдо процесот, на 03.03.2020 година во Љубљана, се одржа средба на Мрежата на Националните координатори за борба против трговијата со луѓе, организирана од словенечката канцеларија за борба против трговијата со луге, со поддршкa на ISMPD, како Секретаријат на мрежата.

На состанокот учествуваше и свое излагање имаше државниот секретар на МВР, м-р Магдалена Несторовска, како Национален координатор на Република Северна Македонија за борба против трговија со луѓе. За време на состанокот беше претставен Стратегискиот документ 2020-2024 година, финансиската рамка за постоење на Мрежата, претседавањето со Мрежата во 2020 година, соработката со други организации, како и напредоците во борбата против трговијата со луѓе. “Новиот стратегиски документ, базиран на оценките и препораките на Националните координатори на Мрежата од регионот, од една страна и стручната експертиза на ISMPD од друга страна, претставува одлична основа за надградување на соработката, збогатување со нови содржини во областа на превенцијата и подигањето на јавната свест на граѓаните од земјите во регионот, – истакна Несторовска, во улога на Национален координатор.