Состојба по излевање на реките

Во скопскиот регион, општина Центар, во текот на вчерашниот ден на ул. „Партениј Зографски“ (под хотелот Тасино Чешмиче), се појавило свлечиште од дрвја, камења и земја. За овој настан известено е одговорното лице во ЕЛС Центар.

Во општина Сарај има излевање на реката Река во населено место Буковиќ.

Во општина Петровец, појавени се незначителни поплави кај некои дворови и ниви како последица на топењето на снегот и појавата на подземни води.

Во општините Битола, Могила и Новаци, низ пелагонискиот регион има заезерени вкупно околу 7 – 10 хектари земјоделски површини кои се појавени како резултат на нефункционалноста на терцијалната мрежа за одводнување.

Во општина Крушево, во атарот на с.Бучин нивото на р.Црна е покачено и во текот на реката од с.Света кон с.Бучин има излевање и поплавување на ливади во должина од околу 3 км и ширина од околу 50 метри низводно.

Во текот на вчерашниот има излевање на вода од каналот што поминува низ село Мала Речица, по што ЕЛС Тетово со своја механизација интервенирале.

Во општина Македонски Брод поради интензивните врнежи од дожд и топење на снегот дојде до покачување на нивото на р.Треска и нејзино излевање од коритото. Поплавени се ливади, ораници и овошни насади по течението на р.Треска во атарите на селата: Лисичани, Пласница, Девич, Манастирец и Модришта.

Во општина Вевчани има појава на лизгање на земиште кај Општата болница во Вевчани. Исто така има и поткопан потпорен ѕид кај изворите во Вевчани. За оваа појава се запознати надлежните институции за да се превземат неопходните мерки.