23/04/2024
Охрид

СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ дел од проектот за рециклирање отпад

Средното Економско Училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Охрид учествува во Проектот за рециклирање отпад. Овој проект е организиран и координиран како дел од активностите на GLOW (girls leading our world) / YMLP (young men leadership project) во служба на заедницата, а координатор на проектот е господинот Бил Бриџфорд, волонтер на мировниот корпус во ова училиште. Дел од овој проект е и компанијата за рециклирање НУЛА Д.О.О. од Скопје.

Акцијатa на собирањe на отпадот ќе биде реализира на 11.11 2017 (сабота) или на 13.11 (понеделник) во дворот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид (економски).