29/03/2024
Охрид

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Охрид бара вонредна седница на Советот

Советничката Група на ВМРО-ДПМНЕ бара свикување ВОНРЕДНА СЕДНИЦА од претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангеловска, на која ќе се разгледуваат Вонредните околности кои доведоа до помор на плашиците во каналот Билјанини Извори.

Исто така на Седницата да се поканат претставници од Хидробиолошкиот Завод од Охрид, од Електрани на Македонија, Министерство за животна средина, Невладини Организации кои се занимаваат со заштита на животната средина и други засегнати страни кои можат да дадат свој придонес.

„Предлагаме покрај расправа за настанатите Вонредни околности да донесеме и заклучок со предлог-мерки за надминување на истите.

Повикуваме итно да се подготват материјалите за седницата заедно со стручните служби и истата да се свика во најкус можен рок.

Се надеваме дека ја делите нашата загриженост и дека ќе одговорите на нашето барање.

Доколку Вонредната седница не ја свикате Вие, ќе ги искористиме статутарното и деловничко право да ја свикаме ние како група од СОВЕТНИЦИ.“ се вели во соопштението.