16/04/2024
Македонија

Спасена девојка падната во провалија во прилепско

Утрово околу 07:22 часот во место викано „Казанташ“ на Селечка Планина, општина Прилеп во провалија паднала девојка која се здобила со скршеница на нога и други повреди.

Поради непристапен терен и тежина на повреденото лице екипата од ТППЕ Прилеп не беше во можност лицето да го транспортира до возилото на Итна медицинска помош, заради што беше побарана интервенција со хеликоптер.

Околу 11:25 часот со хеликоптер на МВР повредената девојка е пренесена во општата болница во Прилеп.

Целосната активност е спроведена од страна на ТППЕ Прилеп, МВР Прилеп, Итна медицинска помош од Прилеп, РЦУК Прилеп и ЦУК.